18 Мај, 2024
0.0447

ПроКредит Банка во одличен ритам - Зголемени кредитите, но и депозитите во 2016-та

Објавено во: Економија 29 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

ПроКредит Банка продолжува со одличното работење и зголемувањето на довербата на клиентите и според финансиските извештаи за 2016-та, особено од билансот на успех за периодот од 01.01 до 31.01 се гледа дека е одржано истото ниво како и годината претходно, па така и приходите и крајната оданочена добивка се во позитива, а зголемено е вкупното кредитно портфолио како и бројот на средства од депозити на корисниците.

ПроКредит Банка во 2016-та оствариле вкупни приходи од работењето во износ од 15,2 милиони евра, од кои најзначаен дел опфаќаат приходите од камати за издадени кредити, а една третина се собрани од провизии. 

Најголем раст од 39,10% има на кредитите за реновирање кои изнесуваат 12,4 милиони евра. Нето кредитното портфолио се зголемило за 7,02% во 2016-та и изнесува вкупно 261 милион евра. Исто така раст има и на депозитите на клиентите во 2016-та за 11,08% во однос на претходната година и истите изнесуваат 238,3 милиони евра.

Во 2016-та ПроКредит Банка бележи расходи во износ од 10,5 милиони евра, од кои најголем дел отпаѓаат за камати кои се исплаќаат на субјектите кои имаат оставено парични депозити. Расходите гледано во споредба со 2015-та се намалени за 8,62%.

ПроКредит Банка одвоиле и 7,4 милиони евра за потенцијални кредитни загуби што укажува на знакот дека бројот на издадени или планирани кредити кон населението и компаниите се задржале во речиси исто ниво како и во 2015-та година што е добар знак за една банка која речиси 70% од своите приходи ги реализира токму преку кредитни активности.

ПроКредит Банка покажа дека е една од поуспешните банки на домашниот пазар со нето оданочена добивка која изнесува 4,4 милиони денари за претходните 12 месеци што е речиси на исто ниво како и во 2015-та. 

ПроКредит Банка продолжува со својата определба да биде партнер на малите и средните претпријатија, како и на граѓаните кои сакаат да штедат. Во кредитното портфолио на банката се издвојува „Еко“ кредитирањето за проекти на граѓани и компании кои имаат за цел заштита на животната средина и енергетската ефикасност. Во делот на штедните програми се издвојува и детското штедење со што ПроКредит Банка најмногу се разликува од конкурентите. 

Х.С.


Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа