15 Мај, 2024
0.0312

ПРОФИЛ Петровски: Како работното досие на вечниот директор заврши во архива?!

Објавено во: Македонија 28 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Владата го разреши директорот на Државниот архив, Филип Петровски, и на неговото место го постави Кирил Петров. Новиот директор на Државниот архив е скопски адвокат и доаѓа од партијата Нова Алтернатива на Ѓорѓи Оровчанец, коалиционен партнер на СДСМ.

Ваквата одлука Петровски ја оцени за незаконска, па дури власта на Заев која не победила на избори ја нарече режим.

„Ме разрешил нелегитимниот режим на Заев. Ако, тоа го очекував. Знам како работат режими. Притоа не е важно што сум на законски гарантираниот одмор, бидејќи за нив не ни важат закони“, напиша Петровски на Фејсбук.

Смени неколку партии и многу високи функции

Филип Петровски има за што да жали по смената на власта. Тој почувствува многу благодети од додворувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Како да е роден за директор, постојано добиваше атрактивни позиции, а дури издејствува на 29-годишна возраст да биде испратен како конзул на Македонија во Њујорк.

Во јавноста се забележува во 1997 годинакога бeше еден од водачите на студентските протести против наставата на албански јазик на Педагошкиот факултет во Скопје.

Потоа почнува неговата политичка кариера и во периодот од 1998 до 2001 година беше пратеник во Собранието, кога партијата беше под водство на Љубчо Георгиевски.

Во 2001 година, со одлука на Владата беше назначен за конзул во Њујорк. А, по промената на власта во 2002 година, Петровски беше сменет од конзулската позиција во САД, поради недолично однесување, предизвикување јавни инциденти и незадоволителни резултати во работата.

Во 2003 година, на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, Петровски беше дел од штабот на Марјан Ѓорчев, кој беше кандидат за претседател на партијата. Но, Ѓорчев не победи и тој му се придружил на Никола Груевски и стана дел од партиската комисија за надворешна политика.

Во 2009 Петровски бега од ВМРО-ДПМНЕ и се здружува со Љубе Бошковски во Обединети за Македонија, каде ја извршуваше функцијата потпретседател на партијата. Но, по само една година, во 2010 поднесе оставка поради несогласувања со партискиот претседател. Во тој период Петровски беше еден од најжестоките критичари на Груевски.

„Држењето на нацијата во несвест, во ногдаун, помина еднаш, двапати на абре убре, додека да ги провали јавноста дека оваа екипа од 7-8 новинари е координирана од Никола, секојдневно. Дека на истата ~ се дава јасна инструкција како да дејствува. Кај нив нема ништо случајно, с`е однапред исценирано. Исто како кај Никола. Најдобро работената област на оваа диктатура е планирањето на пропагандата. Во тоа им нема рамен. Пет години се усовршуваат со народни пари, за кои допрва ќе треба да има истраги и проверки колку е потрошено. Велам допрва, затоа што не се знае колку е потрошено. Тоа се најчувани информации и никако не може да се види целината на целата операција, која според некои аналитичари досега тежи повеќе од 100 милиони евра“, напиша Петровски во колумна во „Дневник“ во 2011 година.

Тогаш тој одлучува на предвремените парламентарни избори да настапи со својата нова партија Демократска десница, но по изборниот неуспех кога на цела територија на Република Македонија освои едвај 1517 гласови или 0,13 проценти од гласовите повторно се припои кон ВМРО-ДПМНЕ.

„Демократска Десница донесе одлука да престане да постои и целата партија да премине во ВМРО-ДПМНЕ. Со овој наш чин ние го прифативме повикот за обединување и окрупнување на десницата. Мислиме дека овој тренд, кој што извесно време се случува, е во правилна насока и ќе овозможи на ВМРО-ДПМНЕ како носечка партија на власта во Република Македонија, да продолжи да ја спроведува својата програма, да има што поголема и поширока поддршка на политички план и да доведе до посериозни реформи кои што се зацртани во нивната програма“, изјави Петровски во 2012 година кога се врати во старото јато.

Во 2005 година, тој беше избран за директор на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, на чие раководно место остана до 2011 година. Во 2012 година повторно доби висока позиција, заменик-директор на Државната лотарија на Република Македонија, каде беше до 2015 година, кога беше назначен за директор на Државниот архив на Република Македонија.

Според анкетниот лист доставен до Антикорупциската комисија, Петровски се јавува како сопственик на две приватни трговски друштва: на почетокот на 2014 година станал сопственик на друштвото „Виртувио“, а претходно бил управител на оваа фирма во перодот 2011-2015. Во 2015 година, тој бил еден од основачите на трговското друштво „Меквили“.

Петровски по долги години минати на високи функции во владата на Груевски сега има две опции. Или да прима апанажа во времетраење од една година или да бара работа.

Ј.М.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“