02 Мај, 2024
0.0286

ПРОФЕСИЈА НА ИДНИНАТА: За еден месец заработуваат 10 балкански плати

Објавено во: Финансии 26 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Медицински сестри од Србија заминуваат на работа во Норвешка каде за еден месец заработуваат десет плати кои би ги земале во Србија за десет месеци. 

Оние кои веќе се таму велат дека платата на болничарот во Норвешка е 2500 евра, а на медицинска сестра 3000. 

Маријана Гајиќ има 28 години и веќе една година е во градот Ставангер, вели дека уште во средно училиште знаела дека работата е тешка и одговорна, а не е платена. 

Решила дека сака да работи во странство и почнала да учи норвешки јазик. 

„Имав среќа да отидам во семејство на наши пријатели кои долго време се во Осло. Работа барав така што чукав од врата на врата. За година и пол имав три договори. Мене ми е најважно дека влегов во нивниот здравствен систем, а потоа е полесно“ - раскажува девојката. 

Вели дека месечно штеди по 1000 евра, а за работата објаснува дека е полесна отколку во Србија. 

Платен одмор следува од пет недели и работникот може и наеднаш да го искористи. 

Друга девојка која е бабица по струка вели дека освен во државно здравство, работното време дозволува да има ангажман и во приватна ординација, со што заработува по една плата плус. Сепак, вели дека со вакво темпо на работа на две места не може да се издржи долго време. Во Србија една бабица може да заработи 360 евра месечно. Сепак, за иселување се одлучуваат помладите кои немаат оформено семејство, но постарите велат дека е доцна да направат промена кога зачекориле во петтата деценија од животот. 

Можеби ќе ве интересира

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција