ПРОФЕСИИ НА ИДНИНАТА: Oвие кадри ќе бидат многу барани
Објавено во: Финансии 11 Февруари, 2018
Иако многу професии ќе бидат заменети со роботи, сепак постојат и занимања кои и во иднина ќе бидат барани.
Медицински персонал ќе се бара во иднина затоа што населението во многу земји старее. Посебно во домовите за стари лица ќе бидат потребни многу негуватели во годините кои доаѓаат.
Брендирањето на имиџот на социјалните мрежи се развива и станува многу важен во западните земји. Социјалните мрежи се важни за поединци и компании, тие инвестираат во нив, и затоа ќе бидат потребни кадри кои ќе работат во овој сектор. Сето тоа ќе ја зголеми потребата за стилисти, нутриционисти, лични тренери и слично. Работа ќе има и за пластичните хирурзи затоа што живееме во време кога визуелниот изглед е многу важен.
Веб инженерите ќе можат добро да заработат. Огласувањето на интернет ќе го истисне класичното огласување.
Ќе има и голема потреба од правници во иднина.
Во индустријата роботите ќе си го најдат своето место.