15 Мај, 2024
0.4454

Проектот “Создади книга” на ЕВН ja создаде првата збирка раскази

Објавено во: Мои пари 15 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

ЕВН Македонија денеска ја промовираше првата збирка раскази како дел од проектот “Создади книга”, проект од областа на општествената одговорност за поддршка на македонската литература и поттикнување на читањето.

Во првата фаза од проектот, корисниците заедно со ЕВН Македонија ќе им помогнат на домашните автори да ги објават своите досега необјавени раскази во нови книги.

Сите корисници кои ќе се пријават за услугата е-фактура, создаваат страници од нова книга. Наместо ЕВН Македонија да доставува печатени сметки до корисниците, тие ги добиваат по електронска пошта, а хартијата што се заштедува станува дел од книга раскази од македонски автори кои немале можност да ги објават досега.

avtori

Благодарение на досегашните корисници на е-фактура, подготвено е првото издание во кое на 135 страни се раскажани 15 раскази од авторите Ана Стојаноска, Дарјан Раденковиќ, Оливера Ќорвезироска, Петар Андоновски и Михаил Ренџов.

Авторите Стојаноска, Раденковиќ и Андоновски на промоцијата на своите првенчиња ја поздравија определбата на ЕВН да ја поттикне македонската литература и читањето.

„Со зголемувањето на бројот на нови пријавени корисници за е-фактура, очекуваме да издадеме и нови збирки од други автори со што македонската литература ќе биде збогатена со нови дела и творештва“, изјави Ленче Карпузовска, менаџер за комуникации во ЕВН Македонија.

Сите корисници можат да се придружат на оваа голема акција, со тоа што треба да се пријават за е-фактура. Пријавувањето е брзо и едноставно и можете да го направите веднаш на веб страната www.evn.mk. Во следниве две недели, сите заинтересирани корисници може да го посетат и „Skopje City Mall“ каде што ќе можат да се пријават за услугата е-фактура без да чекаат ред. Повеќе за проектот, во текот на наредниот период ќе може да прочитате на сајтот raskazi.mk.

Можеби ќе ве интересира

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти