18 Мај, 2024
0.0307

Продолжува ширењето на морбили во земјава: Регистрирани нови случаи

Објавено во: Македонија 24 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Епидемијата на малите сипаници не стивнува во земјава. Од институтот за јавно здравје информираа дека се регистрирани нови 105 случаи на морбили. Скоро половина, односно 49 од ново заболените се од Скопје, а останатите 56 лица од внатрешноста на земјата. Од институтот потенцираа дека 77,1 отсто од заболените се невакцинирани лица, лица кои примиле само една доза од МРП вакцина, или лица кои немаат податок за вакцинален статус.

Од почетокот на ширењето на заразната болест па се досега се регистрирани вкупно 1.625 пациенти, најголема бројка на заболени од морбили во последните 25 години.

„Досега вкупно 27.000 лица се вакцинирани од почетокот на епидемијата, меѓутоа уште 15.600 лица се подложни на вакцинација, чувствителни на вирусот, а досега не се вакцинирани. Токму затоа, како епидемиолог, апелирам да се продолжи со вакцинацијата“, истакна д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, член на Комисијата за заразни болести во рамки на Министерството за здравство.

Епидемиолозите апелираат да се вакцинираат граѓаните посебно малите деца, бидејќи нема друг метод на заштита за овој вид на заразна болест освен МРП вакцината.

Здравствените власти во соработка со Министерството за образование неодамна изјавија дека од Септември нема да се примаат деца во образовните институции доколку не се вакцинирани.


Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“