19 Мај, 2024
0.0285

Продолжен е рокот за приватизација на градежно земјиште

Објавено во: Македонија 28 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Собранието направи измени на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, со што рокот за поднесување барање за приватизација на земјиштето се пролонгира до 31 декември 2021 година.

Граѓаните осум дена по објавувањето на измените на Законот во Службен весник, повторно ќе можат да поднесуваат барања за приватизација на земјиште во државна сопственост.

Од Министерството за финансии истакнуваат дека законот излегува во пресрет на граѓаните и нивните барања, а продолжувањето на рокот е резултат на реакции од граѓани кои не успеале да поднесат барање за приватизација во изминатиот период, а со тоа воедно се одложува и примената на одредбите од Законот кои се однесуваат на воспоставување закуп на градежно земјиште кое не е приватизирано.

До крајот на 2022 година се пролонгира и рокот за поднесување пријава за промена од корисничко право во право на сопственост пред Агенцијата за катастар на недвижности.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“