03 Мај, 2024
0.0240

Продажбата на Блекбери во слободен пад

Објавено во: Стил 17 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Сопствениците на до неодамна  многу популарниот мобилен телефон „Блекбери“  повеќе не се гордеат со своите уреди. Падот на продажбата на „Блекбери“ е незапирлив, па компанијата РИМ која ги произведува овие уреди сега држи помалку од 5 % од американскиот пазар. Пред само три години истата компанија го држеше половина од овој пазар, анализира весникот Њујорк Тајмс. „Блекбери“ порано ги носеа луѓе на позиции, моќни и припадници на елитите, додека денес неговите сопственици се срамат да покажат дека уште го имаат тој телефон, коментираат од Њујорк Тајмс.