04 Мај, 2024
0.0260

Прочитајте како некои девојки поминале на интервју за работа кај Ана Винтур

Објавено во: Стил 12 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Што се прават девојките во обид главната уредничка на Вог да ја убедат дека треба да им даде шанса да работат за неа. Жена која потрошила над 5.000 долари Бев изненадена кога ми закажаа разговор за работа за следниот ден. Морав набрзина да купам нова гардерова. Купив свилен фустан на бретели, штикли од Прада, каиш и чанта, за 2.000 долари. Ми закажаа и второ интервју, за што „детално“ се подготвував. Купив фустан од Прада од пролетната колекција и сини чевли да ми одговараат со неа. Тоа чинеше 3.500 долари. (кандидатката ја добила работата) И рекле да не плаче Не потрошив многу пари, зашто имам многу вредни работи. Облеков ленен фустан, кајсија боја со златни копчиња и златни високи потпетици. Од пријателка позајмив плик - чанта од Прада и ставив брендиран накит. Пред интервјуто ме прашаа дали сум плачела на работа (не) зашто Ана мрази кога слуша како девојките плачат за “неважни нешта“. На Ана како да и беше одбивно тоа што реков дека живеам во Бруклин, а не беше импресионирана ниту кога и одговорив дека моите беа професори на училиште. (не ја добила работата) Мартинки на нозете Не знаев дека тој ден ќе разговарам лично со Ана, но и да знаев, мислам дека немаше да се облечам поинаку. Немав претстава за што се работи во тој Вог, така што и немав причина да се плашам. (барале секретарка, а не моден дизајнер). Едноставно, го облеков она што најмногу сакав да го носам после факултет - темно сиво здолниште на фалти, црн џемпер, црни чорапи и мартинки. Па беше 1993-та! (ја добила работата) Се одлучила за класика Имав 21 година, тоа ми беше прв разговор за работа и во тоа време немав пари, па си помислив ако веќе немам да облечам нешто брендирано и скапо, тогаш ќе облечам нешто класично. Облеков бело зимско здолниште и блуза. Имав нови чизми и чанта од „Марк Џејкобс“ и класичен капут. Но, тие веќе имале некого на ум за работното место. (не ја добила работата) Ја советувале да се исфенира Со Ана го имав 9-то и последно интервју во Вог. Среќа што од другарка ми позајмив фустан од Хелмут Ланг со темно зелена боја, облеков црни хулахопки и чевли на платформа. Една од вработените во Вог претходно ме советуваше да ја исфенирам косата. Тоа го направив тоа прв пат во животот и со тешко срце дадов 30 долари. Ана беше директна и целиот разговор траеше помалку од 5 минути. (ја добила работата)