Приватното сместување исплатливо, но не само на море
Објавено во: Балкан 06 Април, 2017
Приватното сместување е исплатливо, но не само на море, туку и во Славонија, пишуваат хрватските медиуми.
Иако профит има во големи градови како Загреб и Сплит, сепак и во руралните места може добро да се заработи од издавање на соби.
Од 15.5 милиони туристи лани, повеќе ид 1.7 милиони луѓе биле во посета на Загреб и помалите места во внатрешноста на Хрватска.
Се наведува дека во Славонија лесно може стан или куќа да се понуди за изнајмување, без при тоа да се вложува многу во средување на просторот. Ако гостите се велосипедисти, тогаш ќе престојуваат за кратко и нема да бараат некој конфор.
Ако се земе во обзир дека велосипедистите патуваат 90 дена, од изнајмување на соби за нив може да се заработат 18.000 куни.