17 Мај, 2024
0.0271

Притисокот на Русија продолжува: Руската рубља падна 22,8% само во еден ден во однос на Американскиот долар!

Објавено во: Свет 17 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Централната Банка на Русија во понеделникот навечер драстично ја зголеми каматната стапка од 10.5% на 17%. Според зборовите на претставникот на банката овој потег е направен со цел да се прекине остриот пад на руската валута.  Од почетокот на годината, руската валута опадна дури 45%. FXLider, специјално на читателите на  “Фактор”, им нуди 50€ наменети за тргување со руската рубља и другите други валути на светската берза, единствената берза на кој може да заработат и кога вредноста на валутата расте и кога паѓа. Регистрирајте се овде и почнете да тргувате со 50 евра на светската берза Акција за спас на рубљата Се поголемата загриженост за тоа дека глобалниот пад на цената на нафтата би можело да ја уништи економијата на Русија во која секторот за енергија има доминантна улога, влијаеше на тоа до Централната Банка на Русија во понеделникот во касните вечерни часови одржи  итен состанок на кој е донесена одлуката за итна акција за да се спречи колапс на рубљата. Според она што го истакнаа од банката, доколку подолг временски период остане на сила зголемувањето на трошоците за позајмување, рецесијата во Русија ќе се продлабочи. Меѓутоа, овој потег сепак беше неопходен во борбата против инфлацијата и девалвацијата на руската валута. Повисоките каматни стапки имаат цел домашната валуа да ја направат попривлечна за странските инвеститори, така да рубљата порасна во однос на доларот непосредно после донесувањето на оваа изненадна одлука.  Сепак, во текот на денoвите  што следува, руската рубља падна дополнителни 22,8 % пред да се балансираа. Неодамнешниот пад  на рубљата од 10% во однос на доларот, го вознемири глобалниот финансиски пазар, така да индексот FTSE100 се спушти на најниското ниво во 2014 година. Инвеститорите ги намалија вложувањата во акциите поради загриженоста дека се подлабоката економска криза би можела да ја дестабилизира руската економија и дополнително да ја отежне комуникацијата со  рускиот претседател , Владимир Путин,  што како последица би можело да има зголемување на геополитичките тензии не само во Источна Европа туку и на Блискиот Исток. Аналитичарите овој потег на Централната Банка на Русија го сметаат како порака дека таа е одлучна  во желбата да ја заштити рубљата. Зголемувањето на каматните стапки од  10.5 % кое Руската Банка го освои пред една недела не го импресионира финансискиот пазар, при што во тоа време цената на нафтата падна на најниското ниво во последните пет ипол години. Инвеститорите загрижени за глобалната економија Иако моментално скоро на пола пониската цена на нафтата во однос на летото би требало позитивно да се одрази на подобрувањето на глобалната економија преку потрошувачка та и намалувањето на трошоците за работење, инвеститорите сепак се загрижени за тоа дека ниските цени на нафтата всушност рефлектираат намалена побарувачка на се послабата глобална економија. Најголемите европски берзи изгубија околу  2% од својата вредност поради падот на рубљата во однос на доларот и покрај напорите на Руската Централна Банка. Нафтата и гасот зафакаат околу  70% од рускиот извоз, а официјално на Москва и е потебна цена од  $100 по барел за да го избалансира буџетот. Дури и предраматичните објави за зголемувањето на каматните стапки, прогнозите на Централната Банка беа  дека GDP на Русија во 2015 година ќе се намали  4.5% доколку цената на нафтата остане на моменталното ниво во наредните 12 месеци.  Врз цената на нафтата голем притисок дополнително изврши изјавата на претседателот на  OPEC според кој јасно се гледа дека овој картел нема намера да го намали  производството. Некои аналитичари дури сметаат дека Саудиска Арабија и САД, намерно ја спуштаат цената за да извршат притисок врз Путин. И додека запад се спрема да воведе уште поригорозни санкии за Русија, лоша вест за оваа земја секако е и тоа дека веројатноста за брзо подобрување на цената на сировата нафта е се помала и помала.  Оваа недела и Меѓународната Агенција за Енергија ги објави своите прогнози според кои се намалени погледите за идната побарувачка.  Комбинацијата од сеуште растечкото производство во САД и одлучноста на Саудиска Арабија да го задржи досегашното ниво на производство сигнализира дека во годината што следи цената на нафтата би можела дополнително да опадне. FXLider има ексклузивна соработка со Fortrade Limited – компанија која е авторизирана и регулирана во UK од страна на FCA (Financial Conduct Authority) под лиценца со број 609970.  Покрај долунаведеното одрекување од одговорноста, овој материјал не претставува понуда , или барање за извршување на трансакции за било кој финансиски инструмент. Друштвото  Fortrade не прифаќа никаква одговорност за било каква употреба која може да се состои од овие коментари или за последиците кои произлегуваат од нив.  Не се даваат никакви изјави ниту гаранција за точност и потполност на информациите. Следствено на тоа секое лице постапува во таа смисла во потполност на свој ризик. Секое обезбедено истражување, не зема во предвид специфични инвестициски цели, финансиски ситуации и потреби на одредена особа која може истите да ги прими. Ова не е составено во склоп на законските барања, осмислен да промовира како такво независност на инвестициското истражување.
спонзориран линк

Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра