15 Мај, 2024
0.0274

Пристигнуваат скопските коњи, се бара храна, ветеринар и кочијаши!

Објавено во: Стил 08 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Распишан е тендер за храна и ветеринари за двата коња од расата липицанери кои треба да пристигнат во Скопје и да го влечат новиот градски пајтон. Исто така се бара и опрема за двајцата кочијаши кои ќе бидат дајца вработени во јавното претпријатие Паркови и зеленило, а ќе треба да поминат претходно и соодветна обука кај унгарски кочијаш. За двата бели коња кои се набавуваат од одгледувачница од Грција беа платени околу 18.000 евра. Тие се стари по седум години и се повеќегодишни балкански прваци во својата раса.
Кочијата пак ќе биде рачно изработена со подвижен црн покрив, водоотпорна кожа, фенери, дрвени врати и со капацитет за шест луѓе. Таа беше купена на тендер на кој најповолна понуда даде „Технометал Вардар“. Според најавите, кочијата низ Скопје ќе почне да се движи напролет.