05 Мај, 2024
0.0272

Пристигна долгоочекуваната апликација за деловни корисници „Google For Work“

Објавено во: Стил 26 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Компанијата „Гугл“ го лансираше својот нов производ на пазарот, благодарение на кој многу компании ќе можат да воведат андроид уреди на работните места, со стандардизирана енкрипција, поддршка за повеќе корисници и подобрена SELinux безбедност. Апликацијата ќе им овозможи на своите корисници да сурфаат безбедно и да испраќаат пораки, како и пристап до одобрени апликации за работа. Од ,,Гугл” изјавија дека веќе е остварено партнерство со повеќе компании, со што се овозможени безбедни работни апликации, но и дека исто така за оваа апликација се развиени и Андроид паметни телефони и таблети. Со оваа апликација, се очекува Андроид да обезбеди моќна позиција на светскиот пазар.   Љ.Н.