15 Мај, 2024
0.0266

Приоритетни мерки за санација на водостопанската инфраструктура и подобра заштита од поплави вопелагонискиот регион

Објавено во: Мои пари 15 Април, 2016

Добивај вести на Viber

Откако Европската унија ја одобри втората компонента од Програмата за санација на штетите од поплавите во 2015 година, фокусирана на водостопанската инфраструктура, во Битола беше одржана првата координативна средба со засегнатите страни за усогласување на приоритетните мерки во пелагонискиот регион.

На градоначалниците и другите претставници на општините, кои беа најпогодени од поплавите минатата година, им беше претставен типот на интервенциите за кои што може да се искористи финансирањето од ЕУ. Низ стручна расправа во која учествуваа претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и а.д. Водостопанство со своите подружници во Прилеп и Битола, беа дефинирани приоритетите и динамиката на реализација на мерките.

Со вкупна вредност од над три милиони евра наменети за пелагонискиот регион, Програмата на ЕУ предвидува чистење на 57 километри од речното корито на Црна Река и 106 километри од притоките во сливот на Црна Река, санација на насипите и подобрување на работата на браните со цел зголемување на нивната улога во заштитата од поплавите.Покрај санацијата на оштетената инфраструктура, мерките имаат за цел да ја зголемат нејзината отпорност кон идни слични влијанија, но и да ја подобрат ефикасноста во заштитата од поплавите.

Sostanok_Bitola3

„Пред да започнат активностите на терен, од партнерите на Програмата бараме сугестии за приоритетни критични локации на кои би се спровеле мерките. Исто така, од големо значење за нас е да обезбедиме информации за слични мерки спроведени во текот на минатите месеци од страна на институциите на централно и локално ниво“, рече Димитрија Сековски од УНДП, Раководител на Програмата на Европската унија за санација на штетите од поплавите.

Претставниците на институциите информираа за досега преземните мерки за заштита од поплавите и ја изразија својата поддршка на мерките планирани во рамките на Програмата на ЕУ.

„Во изминатиот период извршено е превентивно чистење на околу 30 километри речни канали и притоки од крупна вегетација и извршена е санација на 16 пропусти“, информираше градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Програмата за санација на водостопанската инфраструктура, вредна 6,820,000 евра, е втора компонента од Програмата на Европската унија за санација на штетите од поплавите, која вкупно изнесува 10 милиони евра.

Најголемиот дел од средствата оваа компонента се наменети за сливот на Црна Река (Пелагонија), како едно од подрачјата во државата што се најзасегнати од поплавите. Очекуваните интервенции во овој регион вклучуваат чистење на речните корита и каналската мрежа, санација на оштетените насипи и брани, како и зголемување на улогата на браните/акумулациите во заштитата од поплавите во иднина. Мерките ќе се спроведуваат на териториите на општините Могила, Новаци, Битола, Прилеп, Крушево и Кривогаштани, со поддршка на Програмата на Европската унија за санација на штетите од поплавите.

Можеби ќе ве интересира

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година