02 Мај, 2024
0.0257

„Прилепски свадбари“ – најдобра маска на карневалот во Прилеп

Објавено во: Стил 17 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Маската „Прилепски свадбари“ на група прилепчани е најдобра и најоригинална на годинашниот меѓународен карневал во Прилеп „Прочка 2013“, одлучи стручното жири кое вечерва ги додели наградите на најдобрите.

Маската „Огнени змејови“ на студиото „Зодијак“ е најдобра во категоријата за традиционални маски, а најдобра современа е „181 гимназиски далматинец“ на учениците од гимназијата „Мирче Ацев“.

Најдобра поединечна карневалска маска е „Фараон и фараонка“. Жирито им додели  награда за современа маска „Аватари“ на маскираните од Пробиштип. Во категоријата традиционални детски, најоригинална беше маската „Прилепска фамилија“ на учениците од ОУ „Рампо Левката“.

-  Имавме тешка задача. Годинава имаше околу 2.000 маскирани. Маските беа оригинални, добро изработени со сите елементи на традиционалното, на шегата, мајтапот. Оваа година карневалот беше меѓу најдобрите, изјави Ели Милошеска-Луческа, етнолог и член на жирито.

Речиси три часа денеска маските дефилираа на булеварот во центарот на градот. Имаше и многу гости од земјава и од Бугарија, Србија, Албанија, Хрватска, Словенија. Првпат имаше и маскирани учесници од Воден, Грција.

Вечерва сите гости и маскирани ќе бидат на заедничка забава под маски.