18 Мај, 2024
0.0261

Прилепска пиварница најдобра меѓу најдобрите во ПепсиКо

Објавено во: Мои пари 27 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Прилепска пиварница ја доби наградата PepsiCo Chairman's Circle of Champions, за одлични перформанси во работењето. Наградата е доделена во конкуренција од сите фабрики од групацијата ПепсиКо во целиот свет, а тимот на Прилепска е единствениот награден во Европа. Прилепскиот тим во последните неколку години работеше неуморно целејќи кон издигнување на фабриката на ниво на производител со врвен квалитет со континуирана посветеност и блиска соработка со PepsiCo International, информираат од компанијата. Како резултат на овие напори фабриката константно е призната и наградувана од ПепсиКо и дадена и е огромна поддршка на патот кон поуспешни перформанси. За да се постигнат овие цели, клучниот технички тим на фабриката од одделенијата за Квалитет, Инжинеринг и Производство успешно работеа однесувајќи се како претприемачи на нивните функции и соработувајќи меѓусебно со цел ефикасно доставување на резултати, решавање на проблеми и поддржувајќи ја фабриката во достигнувањето на оперативните и комерцијалните таргети.
„Оперативниот тим беше инволвиран во проект што резултираше со компаниска инвестиција од 12 милиони евра комплетно нова производна опрема во последните 3-4 години. Фабриката неодамна инсталираше нова опрема за стаклена амбалажа, обработка и пакување со цел да соодветствува на критериумите на добрата производна пракса. Новоинсталираната опрема за стаклена амбалажа е проект кој се однесува на прашањето на имиџот поврзан со претходното пакување, како и кон понатамошно градење на пенетрација на СС во ОП каналите. Под водство на оперативниот тим, овој проект беше воден беспрекорно и сите рокови беа испочитувани без да биде загрозен било кој дел од процесот“, изјавија од Прилепска пиварница.
Како друг пример за покажување на проактивноста и бескомпромисниот пристап кон квалитетот, тимот имплементираше статистички процес на анализа во процесот на производство, со развој на специфичен софтвер инсталиран во линијата за полнење, како и центар за извештаи за податоци и анализи. Ова се смета како најдобар пример за останатите произведувачи.
И покрај тешката макро економска криза во Македонија со постојано зголемување на даноците, на трошоците за енергија како и даноците и трошоците за царина, во Прилеп  во голема мера се зголеми годишната стапка на раст за 3.5% во последните 5 години додека перформансите на пазарот останаа исти. Ваквите убедливи деловни перформанси се резултат на убедувањето дека производот со врвен квалитет е клучниот елемент за добри деловни резултати и за стекнување на компетитивна предност. Оперативниот тим значително придонесе кон ова достигнување со демонстрирање на соработката и посветеност на одличноста во квалитет и безбедноста на храната“, стои во образложувањето за наградата.
Како пример за целосната посветеност кон стандардите на ПепсиКо, машините се секогаш избрани според последната технологија достапна, со цел да се гарантира одличноста во квалитетот и безбедноста на храната. Способноста и моќноста на тимот е претставена преку фактот дека сите членови имаат јасно разбирање на стандардите за квалитет на ПепсиКо, информираат од компанијата.

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата