17 Мај, 2024
0.0272

Приходите од акцизи во слободен пад: Ќе има ли нови промени

Објавено во: Економија 09 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

За дури 25 проценти месечно паднале приходите во буџетот од акцизи во август годинава. Податокот го објави Министерството за финансии кога ги соопшти финалните бројки за реализацијата на буџетот заклучно со август годинава. Падот кај акцизите впрочем беше и еден од најдрастичните иако и генерално, властите соопштија дека паѓаат вкупните приходи и на годишно и на месечно ниво. 

Нема официјални податоци за конечните бројки до август, но од објавата на финансии акцизите се делот од приходната страна која има најголем „проблем“. Од последните податоци кои се однесуваат на статистиката до јули, вкупните приходи од акцизи во буџетот изнесуваат 196,5 милиони евра што е половина од сумата која е предивидена за целата година и тоа со ребалансот на буџетот кој беше направен во екот на кризата. 

Имено Владата со ребалансот предвидува во 2020 година приходите од акцизи да бидат 23,4 милијарди денари или нешто над 380 милиони евра. Акцизните давачки се значаен дел од даночните приходи во буџетот, а Владата во април годинава дури одлучи да ги зголеми овие давачки за нафтените деривати. Во обид да реализира поголеми приходи во буџетот акцизите беа зголемени за три денари. Сепак во јули државата мораше да се откаже од еден денар акциза која ја пресметува на бензините затоа што порасна цената на нафатата на светските берзи. Ова е всушност пресудно и за значајниот пад на приходите од акцизи во август, иако и во јули имаше намалување на годишно ниво. 

Владата ја зголеми акцизата на нафтените деривати за три денари во април годинава кога соопшти дека поради падот на цената на нафтата приходите по овој основ значајно се намалуваат. Сепак зголемувањето беше врзано со растот на цената на нафатата. Кога во јули нафатата поскапе акцизата се намали од три на два денари.

Зголемувајќи ја акцизата за три денари, односно воведувајќи дополнителна акциза, Владата очекуваше до септември да собере во буџетот дополнителни 18 милиони евра по овој основ. Ако акцизата од три денари се задржеше до декември зголемените приходи ќе изнесуваа плус 31 милион евра. Во април од Владата тврдеа дека зголемувањето на акцизата граѓаните нема да го почувствуваат затоа што цената на нафтата од јануари до тогаш беше намалена за 20 денари, па зголемувањето на акцизата не значеше многу повисока малопродажна цена. Планот беше ако нафтата поскапи за десет денари, акцизата да се намали за еден денар, а ако цената на нафтата се зголеми за 20 денари, тогаш зголемената акциза да се врати на нивото до април односно да се намали за три денари.

Во 2019 година во буџетот биле наплатени 240 милиони евра од акциза на нафтените деривати. Во 2020 година Владата предвиде за 15 милиони евра повеќе. Сепак со падот на цените, очекуваше да собере 45 милиони евра помалку.

Александра Томиќ

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра