ПРИЧИНА ПЛУС ЗОШТО ДА БИДЕТЕ ПЕНЗИОНЕР ВО ФИНСКА: Што нуди оваа земја?
Објавено во: Свет 03 Декември, 2016
Финска стана земја која прави експерименти речиси на секое поле. Откако оваа земја реши да воведе експериментално безусловен основен приход во земјата со цел да се намали нееднаквоста во општеството, сега воведува нешто за повозрасните граѓани.
Имено, соработници на финските пошти, освен снабдување на писма и пратки, ќе им ја понудат компанијата на возрасни луѓе кои нема со кого да излезат на прошетка.
Што значи тоа?
Од 2017 година секој пензионер ќе може да си нарача за себе или за своите блиски „пријател за прошетка“, кој ќе доаѓа кај него во определеното време еден или два пати неделно.
Секоја прошетка ќе трае од 30 минути до 1 час. Услугата, за жал, е платена. Нејзината цена се движи од 60 до 276 долари месечно, пишува локалното издание „Yle“.
Од поштата прецизираат дека соработниците кои не поминале низ специјална обука, нема да можат да ги придружуваат пензионерите на прошетка.
За вработените кои се подготвени да учествуваат во програмата, е развиен специјален пакет со цел новите знаења во областа на работата со возрасни луѓе, а исто така и тренинзи по физиотерапија.
Поштенските службеници нема да се занимаваат со лекување на пензионерите. Станува збор за укажување на психолошка помош на пензионерите. На постарите лица им се потребни нови луѓе крај себе, интересни предавања и движења, забележуваат локалните власти.