02 Мај, 2024
0.0370

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

Објавено во: Свет 19 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека преживувањето на Украина е важно за САД. 

Ова е промена на тонот во пресрет на клучното гласање за нацрт-законите за странска помош во Претставничкиот дом, кои опфаќаат и помош за Украина од 61 милијарда долари. Трамп не даде отворена поддршка за пакетот и се пожали дека европските земји не даваат доволно пари за да ѝ помогнат на Украина.

Лани кога го прашаа за војната, Трамп не се изјасни дали би сакал Украина да победи.

„Зошто Европа не би давала исто пари колку САД за да ѝ се помогне на Украина? Како што сите се согласуваме, преживувањето на Украина е поважно за Европа отколку за САД, но е важно и за нас“, напиша Трамп на својата социјална мрежа. 

Ова се случува ден откако се сретна со полскиот претседател Анджеј Дуда во Њујорк.

Спикерот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, кој е републиканец, најави дека овој викенд би можело да се гласа за четири одделни нацрт-закони за помош на Украина, Израел и Индо-Пацификот, иако некои републиканци се заканија дека ќе го сменат ако го дозволи тоа.  Најголем дел е предвиден за Украина. Трамп претходно тврдеше дека за 24 часа може да ја запре војната во Украина, на што украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека треба да допатува во Киев и ако може да го стори тоа. Руската инвазија на Украина почна пред повеќе од две години. 

Можеби ќе ве интересира

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место