16 Мај, 2024
0.0343

ПРЕЗЕНТИРАН СТРУЧЕН НАОД ЗА „ПЛАЦЕВИ НА ВОДНО“: Не постојат уплати од Груевски, но и од кој било друг кон фирмата од Белизе

Објавено во: Македонија 22 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Не постојат уплати на сметката на СИРАХ ЛИМИТЕД Белизе ниту од Никола Груевски, ниту од било кое друго  физичко или правно лице од Македонија утврди стручниот наод, мислењето на техничкиот советник – вешто лице врз основ на материјалите за вештачење добиени по поднесена Замолница за меѓународна правна помош од Р. Кипар од страна на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Ова стручно мислење беше изведено како доказ на барање на одбраната на Ненад Јосифовиќ, а истото денес, на главната расправа за време на сослушувањето на вештото лице беше и образложено.

На расправата како што информираат од одбраната на Орце Камчев, детално биле објаснети сите трансакции, уплати и исплати на сметката на СИРАХ ЛИМИТЕД Белизе, во периодот од 26.07.2012 година до 31.12.2012 година како и датумите, износите и правниот основ на секоја уплата и исплата поединечно.

Во анализата на сите трансакции утврдено било дека постојат уплати на сметката на СИРАХ ЛИМИТЕД Белизе од повеќе правни субјекти во дадениот период, но ниту една од тие уплати не е од правно лице од Македонија.

Исто така, во уплатите во анализираниот период од страна на вештото лице, според нив, не била констатирана ниту една уплата од конкретното физичко лице Никола Груевски, ниту уплата кон СИРАХ ЛИМИТЕД Белизе од било кое друго физичко од Македонија.

Во стручниот наод а по утврдувања од вештакот стои дека во анализираниот период утврдена била регуларна исплата од СИРАХ ЛИМИТЕД Белизе кон Сирах Инженеринг ДООЕЛ Скопје. За оваа исплата вештото лице појасни дека во меѓународните плаќања во прилог на налогот за плаќање секогаш се доставува документ за основот врз кој се вршу уплатата или исплатата. Тоа е меѓународно правило кое важи и за банките во Р. Македонија за што постои и упатство за вршење на платен промет со странство кое е донесено од страна на Народната Банка на РМ.

Вештото лице на прашање на бранителот појасни дека меѓународниот платен промет се одвива под строги пропишани правила мониторирани од светски банкарски и финаниски институции. Меѓународните плаќања се вршат преку корeсподентски банки од земја членка на ЕУ со дозвола од Европската Централна Банка. Таа корeсподентска банка е гарант на платниот промет. Улогата на коресподентски банки е да вршат меѓубанкарско порамнување во платиот промет и контрола над трансакциите од формален аспект и од аспект на законското потекло на парите, односно од аспект на спречување на перење на пари.

Според стручниот наод на вештото лице во конкретниот случај сите трансакции се поминати како редовни транскации, без дополнителни прашања, проверки или побарани анализи за потеклото на парите од страна на корсподентските банки, што значи дека трансакциите не биле сомнителни, односно потекнувале од законски извори.

Извршената уплата која е утврдена, односно приливот од страна на СИРАХ ЛИМИТЕД Белизе кон Сирах Инженеринг ДООЕЛ Скопје се по основ на уплата на основачки влог, односно зголемување на основачки влог. Истото, согласно регуларна законска процедура, како прилив е евидентирано и во Централниот регистар на РСМ, во Регистарот на директни инвестиции на нерезиденти во РСМ и за дадениот износ е направено соодветно зголемување на капиталот на друштвото во тековната состојба.

Исто така за наведените приливи постои пријава и до Народната банка на РСМ како вложување од странство, согласно законска регулатива.

Од обраната велат дека резултатите на стручниот наод, мислењето на вештото лице кои денеска се презентираа во судницата како доказ видливо ја збуниле и обвинителката, застапник на случајот, Лиле Стефанова. 

„Огромна небулоза во целиот случај е што во обвинителниот акт кој го покренува оваа обвинителка за „Плацеви на Водно“, а во кој осомничените се теретат за перење на пари ( незаконско финансиско дејствие)  кое во пракса единствено би се докажало со следење на финансиските трансакции, Лиле Стефанова воопшто нема нарачано финансиско вештачење. Поради тоа, тука се отвора прашањето на кој основ покренатиот обвинителен акт за „Плацевите на Водно“ кој очигледно е базиран единствено на „сомнение“ без никакви утврдени фактички докази досега го добиваше овој нарачан тек на настаните? Веројатно во било кој друг правичен правосуден систем воопшто не би се дозволило покренување на ваков обвинителен акт и водење на истиот. Но, едно е сигурно, во било кој друг правичен правосуден систем после изнесување на ваков вид на фактички, независни и поткрепени докази кои денес беа презентирани на главната расправа од страна на одбраната, случајот ,,Плацеви на Водно’’ веднаш би бил отфрлен и би се сметал за „паднат“ и од истиот би останало само скандалозното фијаско на обвинителот застапник на случајот, велат од одбраната.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање