Превртениот автобус однесе во смрт студент од Правниот факултет
Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2019
Организацијата на потрошувачи на Македонија информираше дека нивниот драг и почитуван колега Павле Костоски загина во трагичната несреќа што се случи вчера.
„Нашите мисли се со семејствата на починатите. Нека им е вечна слава!“, се вели во објавата на ОПРМ.
Тој беше студент на Правниот факултет во Скопје.
„Со голем тага ја примивме веста за трагичната смрт на нашиот колега Павле Костоски, чиј живот прерано згасна во трагичната автобуска несреќа. Павле Костоски магистираше во ноември 2018 на насоката Граѓанско материјално и граѓанско процесно право, беше активен учесник во Правната клиника за ранливи групи и беше вклучен во различни студентски активности. Ќе го паметиме по неговата амбициозност и посветеност. Вработените и студентите на Факултетот сочувствуваат со болката на семејството и пријателите на Павле. Вечна му слава! “-објави Правен факултет
Несреќата однесе повеќе млади животи.