03 Мај, 2024
0.0253

Претставници од ФФРМ на студиски претстој во Унгарија

Објавено во: Агробизнис 10 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Претставници од Федерацијата на фармерите на Република Македонија ќе претстојуваат во Унгарија каде треба да остварат средби со градинари, претпријатија и владини институции кои работат на развој на земјоделството.

Целта на студиското патување е размена на искуства со унгарските земјоделции и институции во полето на кооперативите и градинарствто.

Во рамките на тридневниот претстој, како што соопшти ФФРМ, во организација на Амбасадата на Македонија ќе се реализираат средби во Министерството за земјоделство каде ќе се разговара за системот на финансиска поддршка на Европската унија за групи на производители и организации на производители во секторот градинарството.

Според соопштението на Федерацијата, предвиден е состанок со потпретседателот на унгарскиот парламент и претседател на Национална асоцијација на здруженија на унгарските фармери и кооперативи, Истван Јакаб.

Студискиот престој ќе го реализираат Федерацијата на фармери и консултанстката куќа МЦГ, со поддршка од Агбиз програмата на УСАИД.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?