ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет
Објавено во: Економија 18 Април, 2024
Транспарентните компании редовно ја известуваат јавноста за секоја промена што се случува во нивната структура.
Особено вреди признание кога транспарентно се известува кога акции купуваат менаџерските и раководните структури на таа компанија, а тоа значи дека имаат верба во бизнисот и перспективите на фирмата.
Така денеска постапи „Макпетрол“, известувајќи дека Претседателот на Надзорниот одбор Александар Спасовски, се стекнал со 14 обични акции на ова акционерско друштво.
„Согласно член 34, став 1, алинеја 7 од Правилата за котација на Македонската Берза
за хартии од вредност АД Скопје, известуваме дека Претседателот на Надзорниот
одбор Г-дин. Александар Спасовски, се стекна со 14 обични акции од издавачот
Макпетрол А.Д. - Скопје“, се вели во објавата на Берзата.
Последната просечна цена на акциите на оваа нафтена компанија била 68.502 денсри по акција, штом значи дека пакетот од 14 обични акции тие го чинеле претседателот на Надзорниот одбор нешто повеќе од 15 илјади евра.