Премиерот во потрага по инвестиции во Охајо
Објавено во: Економија 26 Септември, 2015
Погодностите кои Македонија ги нуди за странски инвестиции и отварање на нови работни места деновиве се главна тема на бизнис форумите во САД на кои земаа учество премиерот Никола Груевски и владина делегација.
Во рамки на тамошниот престој премиерот ќе оставри средби и со дијаспората во повеќе градови на американска територија, воедно ќе има обраќања и на сесијата на Годишното собрание на Обединетите Нации.
Вчера македонската делегација и светски бизнисмени присуствуваа на бизнис форум во Колумбус, главниот град на сојузната држава Охајо.
Дел од обраќањето премиерот посвети и на пакетот на поволности кои нашата земја ги обезбедува за реализација на инвестиции. Тој ги акцентираше најниските трошоци за компаниите за водење бизнис во Европа, претставени преку ниските и рамни даноци и погодностите во технолошко – индустриските развојни зони, а ги презентирше и проектите во образованието чија што цел е градење на конкурентна и талентирана работна сила, како еден од аргументите за привлекување на странски инвеститори и во функција на обезбедување на вработување и професионален развој и надградба на македонските работници.
Оценката за понудата на премиерот и нашата земја по прашање на привлекување странски инвестиции беше позитивна.