14 Мај, 2024
0.0249

Премиерот Ковачевски не се плаши од инфлацијата, орочил милионски денарски депозит

Објавено во: Економија 25 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Премиерот Димитар Ковачевски во ажурираниот анкетен лист во Државната комисија за спречување на корупција и судир на интереси за прв пат додава дека од оваа година, покрај сите претходни заштеди, поседува орочен денарски депозит - од милион денари во Стопанска банка.  Во 2022 наведено е дека и неговата сопруга има орочен денарски депозит од 1.042.730 во НЛБ банка.

За банкарите кои ги контактиравме, ова е позитивен сигнал кој укажува дека премиерот верува во стабилноста на курсот на денарот и на финансискиот систем во земјата. Орочениот во однос на обичниот депозит значи дека барем една година не може да се повлечат парите од банката, а доколку се раскине договорот, во тој случај се губи каматата.

- Премиерот тоа не би го направил ако не верува во стабилен финансиски систем, дека денарот е стабилен и дека можеби ќе нема галопирачка инфлација. Тоа е така затоа што имаме, условно кажано, големи резерви на злато и големо портфолио на Народна банка. Штедењето во денари носи двојно поголема камата, додека ако се штеди во евра постои валутен ризик. тенденцијата е граѓаните во денешната криза да останат смирени и да не ги повлекуваат заштедите, затоа што тоа носи ликвиден проблем, вели банкарот кој го контактиравме.

Од друга страна, познавачите велат дека непопуларниот аспект од орочувањето на депозити е тоа што значи дека немате интерес да инвестирате.

- Во Македонија не, но во развиените земји тоа носи негативни камати за да се стимулираат граѓаните да ги трошат, односно да ги инвестираат парите. Орочени милион денари, во овој случај од премиерот, во Македонија се смета за висок влог и на тоа се додава процент плус на каматата, а има и други поволности. Од друга страна, кај неорочениот кредит каматата е безмалку нула проценти, тврдат познавачите.

Министерот за финансии Фатмир Бесими од 1 јануари 2023 најавува данок на камати на депозити. Ова законско решение било донесено уште во 1996, но неколку пати било одложувано. Тој пред една недела рече дека предлогот е да се оданочуваат само орочените депозити на 12 месеци и дека не очекува да дојде до одлевање на депозитите од банките.

„И во другите земји во Европа и регионот тоа се оданочува: во Хрватска со 10 проценти, во Словенија со 27, во Унгарија со 18, а во Словачка со 20 проценти. Се работи за мал износ на средства. Ако некој има депозит од 100.000 денари орочен на 12 месеци, данокот на каматата од 1.000 денари би бил 100 денари. Значи, на годишен депозит од 100.000 денари, оданочувањето би било 100 денари“, изјави министерот.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ДАЛИ ЕВРОПА Е ПРЕМНОГУ ЗАВИСНА ОД ЕДНА КОМПАНИЈА? Еве колкава моќ има таа

ДАЛИ ЕВРОПА Е ПРЕМНОГУ ЗАВИСНА ОД ЕДНА КОМПАНИЈА? Еве колкава моќ има таа