Преквалификацијата води до подобра заработка
Објавено во: Финансии 04 Мај, 2016
Преквалификацијата и тоа бесплатна на интернет може да донесе подобра заработка.
За почеток добро е да имате волја и да го знаете англискиот јазик. На интернет има програми со кои можете да се преквалификувате, за одредено време. За ИТ индустријата има многу информации на интернет и можности за преквалификација. Достапни ќе ви бидат книги, туторијали, видеа. Побарувачката за овој профил расте, платите се високи, а сертификати не се задолжителни. Невработените можат да се обидат и со маркетинг и онлајн продажба. Да се продаваат производи онлајн во странство, може да биде исплатливо, а за тоа има бесплатна обука на интернет.