04 Мај, 2024
0.0248

Преку државен оглас се нуди работа во еротски клуб

Објавено во: Стил 09 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Бирото за труд во Варшава им понуди на невработените, преку нивната огласна табла и веб страна, да се пријатат за работното место танчерка или придружба во еротски клуб. Според огласот, на сопственикот на неименуваниот ноќен клуб не му се потребни почетници, па бара три години на пракса, искуство со важбање гимнастика и познавање англиски јазик. За околу 400 евра месечно основна плата се очекува кандидатките да танцуваат околу барот , да придружуваат гости на клубот и да ги промовираат услугите на работодавачот , пишува Žečpospolit . Службениците кои го објавија огласот велат дека не направиле ништо нелегално, а еротскиот клуб е лиценциран и легално работи, па оттука според законите не смееле да одбијат да го објават огласот. Според сопственикот на клубот , морал да даде оглас за се да биде легално. Законски, ако не се пријави ниту една девојка од Полска, тој ќе има право да вработи лица од странство.