17 Мај, 2024
0.0258

Преговарачкиот процес за ЕУ ќе чини скапо

Објавено во: Финансии 01 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Подготовка за членство на Македонија во ЕУ, во која ќе бидат вклучени неколку стотици лица, ќе биде исклучително скапа, но Владата е подготвена да го финансира, а ќе има и европски средства преку ИПА фондовите. Ова го истакна денеска вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, кој е и политички преговарач со ЕУ, на денешната прес-конференција со техничкиот преговарач Бојан Маричиќ, на која ја презентираа преговарачката структура за пристапување на РМ во Унијата. 

Османи напомена оти станува збор за мошне комплексна операција, која ќе чини многу пари, но нагласи дека се прават анализи, а Министерството за финансии треба да се прилагоди на потребите за рееализирање на процесот. Точно колку ќе чини Османи не можеше да каже, но како пример го наведе скринингот во септември за првото поглавје, за кое во Брисел треба да заминат 40 луѓе од Македонија.

-  - Во септември почнува скринингот за првото поглавје, односно на 23. На тој ден 40 луѓе од Македонија треба да бидат во Брисел неколку дена и тоа треба да се покрие од некаде. Такви фази ќе има многу. Ќе треба да се направи рамка на финансиски импликации, кои ги носи процесот. Владата ќе го финансира колку и да чини, рече Османи, но додаде дека ќе има и европска помош.

Маричиќ, одговарајќи на новинарско прашање за бројот на луѓето кои ќе бидат ангажирани рече дека во моментот не може да каже точна бројка, но напомена дека станува збор за повеќе стотици луѓе. 

- Ќе има масовна мобилизација. На пример само за поглавјето 23 има три под теми, потоа тие имаат други под теми, додаде Маричиќ.  

Можеби ќе ве интересира

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници