18 Мај, 2024
0.0417

Предвидени 1,1 милијарда денари за новиот план за вработување во 2019 година

Објавено во: Економија 17 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Министерството за труд и социјална политика, Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, Агенцијата за вработување на РМ и другите вклучени чинители започнаа со подготовка на новиот Оперативен план за активни мерки и програми за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 години. Тимови составени од претставници на владините институции, центрите за вработување, стопанските комори, УНДП, донаторите и Фондот за иновации и технолошки развој, викендов во Велес ги поставија основите и насоките во кој правец ќе се дизајнираат, надоградуваат и модернизираат новите сет мерки за намалување на невработеноста и зголемување на вработливоста.

 

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска изјави дека идниот Оперативен план е најобемен досега и истиот се очекува да биде донесен до крајот на годината.

„Идната година посебен акцент ќе се стави на доедукација, преквалификација и доквалификација на работоспособните за нивно поефикасно  вклучување на пазарот на трудот. Самовработувањата и стартапите кои изминатите години дадоа одлични резултати и понатаму се дел од Оперативниот план. Невработени лица кои имаат иновативни бизнис идеи ќе добијат поддршка и од Фондот за иновации и технолошки развој во делот на креирање на успешен бизнис план и понатамошна финансика поддршка“, рече министерката Царовска.

Директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска вели дека мерките од новиот Оперативен план ќе одговараат на реалните потреби на пазарот на трудот.

„Агенцијата за вработување е главниот стожер при теренската имплементација на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување. При секојдневната комуникација со невработените лица и работодавачите кои ги користат програмите и мерки за вработување ги нотиравме главните потреби и препораки за новиот Оперативен план кои ќе претставуваат и приоритет при креирањето и редизајнирањето на конкретните мерки и програми“, изјави Јовановска.

Од УНДП велат дека фокусот во 2019 година ќе биде ставен на ранливите категории граѓани кои се невработени.

„Програмата за развој на Обединетите нации е долгогодишен партнер на националните институции во програмите за вработување и зголемување на вработливоста, со посебен акцент на ранливите категории и нивно активирање и поуспешно вклучување на пазарот на трудот.“ – истакна Нарине Сахакјан, в.д. постојана претставничка на УНДП во државата.

Оперативниот план за 2019 година планирано е да се издвојат 1,1 милијарда денари што е двојно повеќе споредено со 2016 година.

Годинава пак за активните мерки беа одвоени 985,5 милиони денари, а реализацијата на истите е над 90 %.


Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа