Пред утрешното раздолжување, Владата денес се задолжи за нови 124 милиони евра!
Објавено во: Економија 24 Март, 2015
Не престанува задолжувањето на Владата пред секое раздолжување. Денеска се задолжи кај домашните кредитори за нови 124 милиони евра, кои ќе треба да се вратат за три години, пренесе Фокус.
Утре пак, Владата ќе треба да се раздолжи, исто така, на домашните кредитори, и ќе им врати 85 милиони евра по основ на доспеани долгови.
Заклучно со крајот на 2014 та година, вкупниот јавен долг изнесува 3,9 милијарди евра или 45,8% од бруто домашниот производ.