18 Мај, 2024
0.0284

Пред да ја напушти Владата, на ВМРО ДПМНЕ му текна дека на граѓаните им треба Клинички центар а не панорамско тркало

Објавено во: Економија 20 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

ВМРО ДПМНЕ и пред официјално да ја предаде Владата и да замине во опозиција реши да удри потпис на Клиничкиот центар во Скопје кој беше најавен пред неколку години.

Вчера Никола Тодоров и неговиот лидер Никола Груевски наместо одамна решија да почнат да го реализираат можеби еден од најзначаните проекти кои му требаа на македонското здравство.

Но, за овој проект ќе плаќа новата Влада, ако се состави а тоа се најавува и очекува, бидејќи за време на владеењето на Груевски колку и да тврдеше, не му беа приоритет граѓаните туку спомениците, панорамското тркало, палмите кои завршија на отпад, галиите платени со милијарди.

Иако претходно се најавуваше дека инвестицијата ќе чини многу помалку, ВМРО ДПМНЕ реши да ја заокружи сумата на 72 милиони евра.

Не е познато зошто во моментов кога се крчка идната влада Тодоров упорно реши да го протурка проектот кој е познат и како сомнителен и контроверзен, но сепак и не дозволи новинарски прашања.

При обид да им избега на новинарите, Тодоров прашан во кое својство го потпишал договорот вели како Вицепремиер и министер за здравство .

Експерите за дел од медиумите посочија дека Тодоров не смее да потпишува владини договори, а за дел од професорите по управно право, ова потпишување е спорно.

Тодоров на потпишувањето не се одважи и не го повика ниту мандатарот Заев кој ќе треба да го реализира овој проект кој според договорите ќе го гради конзорциумот „Бетон“ и “Гранит“ заедно со италијанската Инсо Системи а за тоа имаат 45 месеци.

Сепак од идната владеачка партија најавија ревизија на договорот потпишан од Тодоров.

И.С.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа