15 Мај, 2024
0.0289

Празнична Велигденска Магија во Скопје

Објавено во: Мои пари 18 Април, 2016

Добивај вести на Viber

Вашето омилено место за шопинг, дневни активности, семејни и пријателски дружби ќе се претвори во „ВЕЛИГДЕНСКИ СВЕТ“ каде ќе вибрира празнична радост. Скопје Сити Мол повторно ќе приреди незаборавни семејни мигови за најголемиот, христијански празник - Велигден.

IMG_4858

Атмосферата ќе ја красат инспиративни велигденски декорации и автентична домашна фарма со езерце со патки и други домашни животини кои се симбол на велигденското празнување. Жители на домашната фарма ќе бидат игриви зајчиња и шарени патки, кои дечињата ќе имаат можност да ги хранат и милуваат. Домашната фарма секогаш е катче на радост и смеа за најмалите посетители на Скопје Сити Мол, од каде ќе понесат најубави спомени.

Интересна е можностата децата да се запознаат со веселиот џиновски Зајко - маскотата на „ВЕЛИГДЕНСКИОТ СВЕТ“ и со него да се фотографираат во шарен, велигденски амбиент.

IMG_4817

Детските насмевкиќе се фотографираат секој ден од 10.00 до 22.00 часот на приземје, веднаш до домашната фарма. Посетителите ќе имаат приликада го посетат и велигденскиот базар и да купат декорации со кои ќе го украсат домот, ќе придонесат за велигденска, семејна топлина и празнични моменти.

Скопје Сити Мол, заедно со “НВО Детски Свет - Нов Почеток“, се погрижи “ВЕЛИГДЕНСКИОТ СВЕТ“да биде спој на креатива, забава и хуманост. Предвидени се детски креативни работилници, каде децатаќе бојадисуваат велигденски јајца и ќе изработуваат уникатни велигденски декорации кои потоа ќе бидат изложени. Детските креативни работилници се извонредна можност да се негува потребата на децата да бидат креативни и да се поттикне нивното чувство за поддршка и помагање на заедницата.

IMG_4899

Посетителите ќе можат да си одберат од изложените декорации, со што ќе донираат за првиот callcenterза помош на лицата со попреченост во видот. Детските работилници, наменети за деца до 10 години, ќе се одвиваат секој викенд од 12:00 до 14:00 и од 18:00 до 20:00 часот на вториот кат.

Скопје Сити Мол секојдневно се труди да ги крева стандардите и културата на пазарење, обезбедувајќи најдобар амбиент, најубави доживувања и најдобра грижа за своите потрошувачи, со посебен однос кон семејството и традицијата, празнувајќи заедно со сите свои пријатели.

За повеќе информации за настаните, посетете го следниот линк: www.skopjecitymall.mk/veligden

Можеби ќе ве интересира

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“