18 Мај, 2024
0.0271

Празна чаша за Попова Кула-Загубата зголемена, извозот тројно намален

Објавено во: Економија 20 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Винарска визба Попова Кула АД ќе нема причини за наздравување овој период бидејќи не само што втор пат по ред првиот квартал од годината го завршува со загуба, туку оствари и тројно намален извоз со што намалените приходи од продажба допринесоа загубата да биде уште повеќе изразена. 

Попова Кула во К1 2017 остварила вкупно 3,2 милиони денари на оперативни приходи од кои продажбата на домашниот е намалена за 1,5 милиони денари и сега изнесува 2,3 милиони денари, а приходите од продажба во странство изнесуваат само 815.000 денари или три пати помалку од лани кога извозот вредел 2,4 милиони денари. Во К1 2016-та вкупните ооперативни приходи изнесувале 6,4 милиони денари.

Во квартал кога продажбата е значително намалена сепак, не дошло до огромен раст на трошоците за производство кои вредат 3 милиони денари, но и не се намалиле платите за вработени, тие дури и се во благ раст и сега изнесуваат околу 800.000 денари, па ќе биде интересно да се следи дали тоа ќе остане така.

Винарската визба годинава за првите три месеци одвојува околу 400 илјади денари за камати што е идентично како и во истиот период од претходната година, додека пак финансиските приходи изнесуваат околу 50.000 денари. 

Крајниот резултат според неконсолидираниот финансиски извештај објавен на Македонска Берза, открива дека Винарска визба Попова Кула АД кварталот го завршува со загуба од 1,1 милион денари што е драстично зголемување во однос на истиот период лани кога загубата изнесувала 100.000 денари.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа