17 Мај, 2024
0.0550

ПРАВЕЛЕ ЗАБАВА ВО СТАН ВО КОЈ ИМАЛО И МАЛОЛЕТНИЦИ - ќе платат глоби од по 2.000 евра

Објавено во: Македонија 25 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

По 2.000 евра глоби ќе платат осум лица кои на осми јануарио годинава беа фатени како прават приватна прослава во стан на една од обвинитеите, а на која, покрај нив имало и седум малолетници. 

„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Предлог за издавање казнен налог против осум лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите, на возраст од 18 до 22 години, на 8 јануари биле затекнати на приватна прослава на улицата „Васил Ѓоргов“, во домот на една од обвинетите. На истата прослава биле затекнати и седум малолетни лица, за кои ќе се спроведе постапка согласно Законот за правда на децата“, се вели во соопштението од Обвинителството.

Со ова, обвинетите постапиле спротивно на прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за спречување на ширењето на опасна заразна болест, а кои се однесуваат на забрана за одржување на прослави на отворен и затворен простор во периодот од 18.12.2020 до 21.01.2021 година.

„Надлежниот јавен обвинител му предложи на Основниот кривичен суд Скопје за обвинетите полнолетни лица да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра“, се вели во соопштението.​​

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8