19 Мај, 2024
0.0278

ПРАТЕНИЦИТЕ СЕ РАСПРАВААТ, Ребалансот ќе се удави во поплавите …

Објавено во: Економија 31 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Неодамна обрзложувајќи дека требаат пари за отштета на граѓаните по основ на поплавите, а само неполн месец откако Владата на странските пазари позајми 450 милиони евра преку издавање на Еврообврзница - владата скрои нов, ребалансиран Буџет.

Во Ребалансот на Буџетот се посочува дека ќе се обезбедат 36,4 милиони евра за отштета, иако претходно премиерот Емил Димитриев изјави дека за оваа намена се потребни 33 милиони евра.

“Со Измените и дополнувања на Буџетот на Република Македонија за 2016 година се обезбедуваат дополнителни средства во износ од 2.240 милиони денари за постојана резерва за надминување на последиците од настанатата елементарна непогода. Дополнителните средства наменети за санирање на штетите делумно се обезбедуваат со заштеди од одредени позиции кај буџетските корисници, а делумно со зголемување на буџетскиот дефицит“ – се вели во предлог Ребаланс на Буџетот.

Пратениците расправаат за ребалансот ...

Собраниската Комисија за финасирање и буџет денеска треба да ја продолжи расправата за новиот ребаланс на Буџетот за 2016 година со кој треба да се обезбедат дополнителни 2,240 милијарди денари за постојана резерва за надминување на последиците од поплавите во Скопско и Тетовско и да се изврши ревидирање на буџетскиот дефицит на ниво од четири отсто од БДП.

СДСМ е против новиот ребаланс бидејќи според нив има доволно средства во буџетот, чија пренамена може да ги покрие целото обесштетување, а од вкадеачката партија тврдат дека ставовите на СДСМ се политички предизборен маркетинг. Од ДУИ побараа што побрзо да се изгласа ребалансот, а ДПА пак тврди дека ребалансот е антиалбански. Каде се крати ….

Со ребалансот на Буџетот, се намалуваат средствата за Влада на Република Македонија, Служба за општи и заеднички работи при Владата, помалку пари ќе има и Министерството за одбрана на ниво од 93.4 милиони евра.

Со новиот предлог се намалуваат и средставата за Министерството за вантрешни работи на 180 милиони евра а со помалку апри ќе располагаат и Министрството за надворешни работи, Министерството за финансии но се зголемуваат тршењата на Министерството за финансии – функции на државата, од каде се сервисираат обврските на државата. Се намалува и буџетот на Министерството за животна средина и Министерството за транспорт и врски, кој сега со ребалансот на буџетот ќе изнесува 55,6 милиони евра. Намалување има и кај раходите на Министерството за земјоделство, со намален буџет на 14,7 милиони евра. Средствата на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството остануваат на исто ниво но се намалуваат на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството.

И Министерството за образование не го преживеа ребалансот, па така расходите на овој, еден од најглозамните резори, се сведуваат на 372 милиони евра. Со помалку пари ќе располага и Министерството за труд и социјална политика, чиј буџет ќе изнесува 645 милиони евра. Ребалансираниот буџет ги намали и средствата на Министрството за здравство и на Министерството за култура.

Со ист буџет останува Министерството за економија, заедно со Агенцијата за промоција на туризмот, Дирекцијата технолошко индустриски развојни зони и Агенцијата за странски инвестиции.

Реакции за Ребалансот и за задолжувањата…

Во пакет со Ребалансот, пред пратениците е предлогот за измени на Законот за јавен долг. Од Демократскиот сојуз на Павле Трајанов бараат засилена механизам на контрола при идните задолжувања.

“Демократскиот сојуз достави Предлог на закон за промени на Законот за јавен долг со кој се предлага за задолжување на државата повисоко од 100 милиони евра наместо Владата да одлучува Парламентот. Неодамна, Владата најави дека преку издавање на еврообврзница, Државата ќе ја задолжи со 650 милиони евра или заедно со каматата вкупниот долг ќе изнесуваше една милијарда евра. Со цел да се спречи неконтролирано задолжување, се предлага Владата, самостојно во текот на една година, да може да ја задолжи Државата најмногу за 100 милиони,а над тој износ да одлучува Парламентот“ – велат од Демократскиот сојуз.

На предложениот ребаланс реагираа од опозициската СДСМ од каде сметаат дека со овој потег Владата потврдува дека институциите се во хаос.

“Граѓаните треба да знаат и дека оваа влада, не само што не сака да ги стави нивните елементарни потреби пред својот барок, не сака ниту да оддели 7% од противзаконската еврообврзница од 450 милиони евра што ја издаде пред неполн месец и планира во цел износ да ја потроши до крајот на годината. Владата глумејќи помош, наместо да вложи максимални напори да им помогне на настраданите граѓани, се обидува да си обезбеди 232 милиони евра за предизборни манипулации,“ соопштија од СДСМ.

Реакции и од стопанството

Дел од стопанствениците велат дека ваквото кратење на парите за инфраструктурни проекти е очекувано, а за сметка на тоа Владата ги зголемува средствата за популистичките ставки.

Од Стопанската комора на Северозападна Македонија изјавија дека и со овој ребаланс Владата не им излегува во пресрет на компаниите, особено на оние кои работат на инфраструктурни проекти.

„Пролонгираната политичка криза негативно влијае врз целото стопанство,  а исто така и врз полнењето на Буџетот. Со ребалансот само се потврди тоа што го очекувавме, дека прва ставка каде што се намалуваат трошоците се капиталните инвестиции. Ние и претходно кажавме дека капиталните инвестиции во претходните пет години беа на најниско можно ниво и дека тоа не е одраз на потребите на стопанството. Намалувањето на капиталните инвестиции е нешто што е очекувано и тоа не значи дека оваа Влада ќе излезе во пресрет на побарувањата на стопанството. Сметам дека приоритет повторно ќе бидат социјалните трансфери, а не другите потреби, како на пример оние на компаниите. Намалувањето на капиталните инвестиции ќе има негативни последици врз стопанството затоа што тековните проекти или оние што беа планирани нема да се реализираат, но исто така стравувањето е дека нема да се сервисираат потребите по однос на веќе постоечките договори, затоа што иако се вели дека полнењето на Буџетот од даноци е во благ пораст, ние сметаме дека сегашната техничка Влада нема да биде во состојба да ги сервисира адекватно потребите на стопанството“, рече Фатмир Битиќи, од  Стопанската комора на Северозападна Македонија.

Од Стопанската комора на Македонија очекуваат дека со кратењето нема да бидат опфатени инфраструктурните проекти кои се од значење за економијата. Порачуваат да не се наруши темпото на реализација на клучните инфраструктурни проекти, бидејќи од нив зависи работата на компаниите.

„Тоа што за бизнис заедницата е од најголемо значење е при секој ребаланс да се има во предвид фактот да не се врши непотребно кратење на парите наменети за развој за инфраструктурата, без разлика дали е патна или железничка. Сите оние планови кои се зацртани од институциите за реализарање на овие капитални проекти треба да продолжат и во иднина оти од нив во голема мера зависи и работењето и економското делувањње на компаниите во следниот период. Ние подетално ќе го разгледаме ребалансот, во кои ставки има намалување,  иако беше наведено веќе дека нема да има намалување на клучните инфрастурктурни проекти кои што се однесуваат на Коридорот 10 и Коридорот 8. А согласно на тоа и на проектите поврзани до енергетската инфраструктура и дека дури се предвидени некои дополнителни средства за патот кој е дел од коридорот 10. Така што ние ќе направиме дополнителна анализа и соодветно на тоа доколку е потребно и ќе реагираме. Очекуваме дека проектите за кои како што биле поставени и договорени условите така ќе продолжат да се спроведуваат и во иднина“, изјаву Билјана Пеева Ѓуриќ, од Стопанската комора на Македонија.

Дел од економистите посочуваат дека капиталните инвестиции се тие кои што ја движат економијата, а сега повторно се жртва, за што крајно сметката ќе ја плати стопанството.

Буџетскиот дефицит подлабок, повеќе пари за плати ..

Со новите проекции буџетскиот дефицит се продлабочи, од 3,7% од БДП на 4% од БДП или во апсолутен износ тој ќе изнесува скоро 376 милиони евра што е за 31,5 милиони евра повеќе во однос на сегашните позиции.

Буџетски дефицит:

Буџет 2016 344,4 милиони евра

Ребаланс на Буџет 375,9 милиони евра

Владата до крајот на годината планира внатрешното задолжување да го одржи на исто ниво, надворешното да се намали, но затоа има зголемување на ставката кај државни депозити, односно до крајот на 2016 година ќе се посегне по трошење на парите од државната  сметка.

Можеби ќе ве интересира

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија