Пратеникот Мартин Костовски ги повика кумановци кои имаат потреба од превоз со него да патуваат до Скопје
Објавено во: Македонија 31 Јануари, 2021
Пратеникот oд СДСМ, Мартин Костовски кој живее во Куманово, а до своето работно место во Собранието во Скопје патува со автомобил упати несекојдневен повик до своите сограѓани.
Оние кои патуваат во Скопје, а особено (пациенти, студенти и генерално секој кој патува до главниот град) можат секојдневно тоа да го сторат така што ќе патуваат заедно со него. Неговата идеја е бидејќи граѓаните се тие кои учествуваат во покривањето на патните трошоци на пратениците(преку плаќање на даноци) да бидат и корисници на овој превоз.
Изминативе години имаше многу критики за високите патни трошоци на пратениците.