29 Април, 2024
0.0534

Практична настава во Водовод за учениците од СМУГЦ „Д-р. Панче Караѓозов“

Објавено во: Македонија 02 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

ЈП Водовод и канализација – Скопје во рамки на својата стратешка ориентација и политиката за општествена одговорност, го имплементира принципот на општествена одговорност во сите сфери од општествениот живот, вклучувајќи го и придонесот кон унапредување на образованието и науката во државата.

Секторот за санитарна контрола, при ЈП Водовод и канализација – Скопје со почетокот на учебната година во септември започна со реализација на активности во согласнот со потпишаниот меморандум за соработка со СМУГЦ „Д-р. Панче Караѓозов“, а во насока на унапредување на практичната настава во согласност со Законот за средно образование.

„Во првата фаза беа остварени консултативни средби, меѓу професорите и професионалците во Секторот за санитарна контрола, со цел размена на искуства во научно – истражувачката дејност, беа дадени одредени реагенси и нагледни материјали кои може да се употребуваат надвор од лабораториски услови со цел зголемена ефективност и ефикасност во спроведувањето на практичната настава во рамки на училиштето. 

Денес започнува втората фаза со спроведување на предавања во лабораториски услови, каде учениците од профилот медицинско лабораториски санитарен техничар ќе можат да усвојуваат дел од практичните знаења во лабораториите на Секторот за санитарна контрола при ЈП Водовод и канализација – Скопје под менторство на врвни професионалци од доменот на испитувањето на квалитетот и безбедноста на водата“ – посочи Билјана Петровска, раководителка на Секторот за санитарна контрола.

Сите посети и предавања во рамки на оваа фаза, се спроведуваат во согласност со протоколите за заштита од Ковид – 19.



Можеби ќе ве интересира

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“