Познато која земја прво ќе ја посети Пендаровски како претседател на Македонија
Објавено во: Македонија 11 Мај, 2019
Откако официјално ќе почне неговиот претседателски мандат, Стево Пендаровски првата посета што ќе ја оствари како претседател на Македонија ќе биде на соседно Косово.
Денеска Државната изборна комисија ќе му го предаде уверението на Пендаровски како нов шеф на државата, а утре ќе биде инаугурацијата и средбата со досегашниот претседател Ѓорѓе Иванов.
Официјално, Пендаровски започнува со работа од понеделник, а прво што најави е дека ќе ги потпише необјавените закони, ќе помогне да се воспостави стабила дипломатска мрежа и да се изнајде решение за СЈО.