19 Мај, 2024
0.0281

„КАКО ДА ГО ЧУВАМ ДЕТЕТО КОЕ СЕ ОПОРАВУВА И ДА ГИ ЛЕЧАМ РАНИТЕ ОД КУЧИЊАТА, БЕЗ ФИНАНСИИ“ - потресна приказна на граѓанка од Скопје

Објавено во: Македонија 06 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Граѓанка од Скопје била искасана од бездомни кучиња, а за тоа сведочат серија фотографии кои таа ги објави на социјалната мрежа фејсбук.

Ја спасил автомобил, но доколку тој не се појавел, можела да заврши фатално.

Бара институциите конечно да го решат овој проблем. 

„Цели две недели поминав со ќерка ми по болници, болна.

Таман се опорави, си велам празнициве ќе ги поминеме во мир, спокој и хармонија.

Лежеше дома, отидов да и купам сокови, чаеви, на Велики Четврток. Секогаш на уличните кучиња им носам храна, сега не носев ништо, можеби затоа што бев окупирана со ќерка ми, за да биде добро.

Не бев ниту свесна кога ме нападнаа седум улични кучиња. Пробав да ги смирам, ама безуспешно. Единствен спас гледав само да ја покријам главата и да се спасам да не ме касаат и распарчат по глава.

Остана да ме гризат по нозете и рацете. Облеката ми ја направија партали. Ме спаси автомобил кој тргна директно во нив, инаку навистина не знам колку лошо и фатално можеше да заврши. Телефонот ми падна на земја, целиот скршен. Пробав да викнам Брза помош, но не се гледаа бројките на екранот.

Кучињата не ги обвинувам, тие имаат животински инстинкт. Можеби претходно некој ги тепал. Како и да е, животинското управува со нив.

Дојдов дома, следниот ден завршив цел ден во болница. Денес, повторно во болница со преврски, и не можам да одам.

Спречена да функционирам да работам и да заработувам. И кој знае до кога ќе трае опоравувањето.

Благодарност до Бога, што се сведе на длабоки рани, не на фатални кои би ме направиле траен инвалид. Сега сум моментален инвалид.

И се прашувам до кога ќе бидеме неми на институциите?! На нивното нефункционирање? До кога ќе замижуваме на неодговорните кои земаат кучиња за да им пројде меракот на децата и да ги фрлаат на улица. Чуваме и ние милениче, ама го чуваме како да е дел од семејството, цели три години.

Следната Влада, која и да биде, да биде одговорна и никому да не му се случи вакво нешто.

Дали јас сега како мајка треба да го гледам детето кое ми е болно, и се опоравува, дали да мислам на финансиите кои ќе ми се скратат месец можеби и повеќе затоа што јас ги обезбедувам, лично, или да мислам на моето опоравување?!

Илјадници евра завршуваат во нечиј џеб за бездомни кучиња, а ние граѓаните патиме?!“, пишува Ивана Божиновска, која гласно ги изнесува сите проблеми во општеството со кои се соочува. 


Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“