19 Мај, 2024
0.0260

Позитивни вести од акумулацијата „Стрежево“

Објавено во: Економија 05 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Започна сезоната за наводнување за сите водокорисници на акумулацијата „Стрежево“. Од јавното претпријатие велат се подготвени со акумулирани рекордни 105 милиони метри кубни вода.

Решен е и најголемиот проблем кој постоеше од 2015 година, свлечиштето на главниот канал е санирано, па така корисниците на акумулацијата Рек Битола, индустријата, земјоделците и Водовод оваа година ќе добиваат вода во максимални количини со непроменета цена.

- Се подготвуваме од технички аспект максимално да им излеземе во пресрет на водокорисниците. Имаме на залиха доволно број цевки, хидромеханичка опрема, а малку се и реорганизираме во делот на факторот – луѓе каде што поинаку сме организирани, се со цел навремена испорака до сите водокорисници и сите настанати дефекти кои ќе се појават во периодот на наводнување во најкраток можен рок да бидат санирани, ијави Методија Граматковски, директор на ЈП Стрежево Битола.

Она што е поволно за нив е и продажбата на електрична енергија од хидроцентралите која ќе се врши по повисока цена.

- Цената која ја добивме е пазарна цена и е зголемена за 38% во однос на минатогодишната и од постечките 2,3 сега е на 2,9 денари односно ќе имаме зголемен приход од производство на електрична енергија, рече Граматковски.

Јавното претпријатие Стрежево планира и изградба на фотоволтаична централа со јачина до 500 киловати која планираат да ја изградат со свои средства. Се чекаат подзаконските акти од Законот за енергетика за да се започне со подготвителни активности.


Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа