14 Мај, 2024
0.0260

Конференција за инвестиции во недвижности во Македонија

Позитивни тенденции на градежниот пазар и во 2017

Објавено во: Мои пари 04 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Македонскиот пазар не недвижности е во поволен период кој го одбележуваат раст на побарувачката на станови, голема понуда на станови  и деловни објекти и релаксирани банкарски услови за земање станбени кредити. Ова е генералниот заклучок на учесниците на денешната Прва Конференција за инвестиции во недвижности во Македонијакоја се одржува денеска во организација на првата електронска аукција во Македонија Е-аукција.мк и Knowledge Center.

Континуираниот раст на расположивиот доход на населението паралелно со стагнацијата на цените на пазарот на недвижности во посткризниот период води кон заклучок дека моќта за купување недвижности во Република Македонија е зголемена“, изјави Анита Ангеловска – Бежоска, вицегувернер на НБРМ.

Анализата на НБРМ покажува дека понудата на станови на македонскиот пазар во изминатите 13 години порасна 10% пришто најизразен е порастот во Скопје и во Полошкиот регион. Цените во посткризниот период во Скопје стагнираат за разлика од периодот пред 2008 година кога бележеа пораст од 62%. Позитивните оценки за пазарот на недвижности, според Бежоска, е податокот дека по 2009 година стапката на пораст на станбените кредити е повисока од општата стапка на кредититирање на населението.

Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Славче Трпески изјави дека голем напредок на пазарот е се поголемиот број на катастарски услуги да се нудат преку Интернет што ја зголемува транспарентноста и сигурноста на пазарот. Катастар ги охрабрува и поттикнува новите и иновативни платформи каква што е e-aukcija.mk, првата македонска платформа за електронска аукција на недвижности, со кого имаат потпишано договор за соработка.

Позитивни тенденции на градежниот пазар и во 2017 година очекува Андреа Серафимовски, претседател на Здружението на градежништво при Стопанската Комора на Република Македонија.

„Целта на денешната конференција е да ги донесе сите чинители со влијание во секторот на недвижности на едно место, да ги идентификува трендовите и да биде една од алатките со која ќе се постигне поголема транспарентност“, изјави Бранко Ѓуровиќ, проект менаџер на Е-аукција.мк.

Можеби ќе ве интересира

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти