Позитив на денот - музика во Карпош: Граѓаните на терасите
Објавено во: Македонија 25 Април, 2020
Карпошани особено тие во околината на Сити мол вечерва од своите тераси ја слушаат музичката забава која се одржува на покривната површина на овој трговски центар. Забавата е во организација на општина Карпош.
Дома сте? Одморете од дневната прошетка и подгответе се за вечерната забава Звуците НА УРБАН Карпош, со DJ Babura Junior.
Во 19:30, излезете на вашите тераси, особено оние кои живеат во близина на Skopje City Mall.
„Улиците се празни, но Карпош повторно ќе докаже зошто е срцето на Скопје, симбол на урбаното и модерното, напиша градоначалникот Стефан Богоев на фејсбук