19 Мај, 2024
0.0276

Повторно „извиси“ предлог-законот за попис

Објавено во: Македонија 22 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Уште една редовна владина седница вчера измина а предлог-законот за попис на населението никако да дојде на дневен ред, иако Апостол Симовски, директорот на Државниот завод за статистика тоа го најави 

Текстот за Законот за попис на населението е изработен уште изминатата есен, а откако ќе биде ставен на дневен ред на редовната владина седница од таму треба да биде испратен на гласање во Собранието.  

Законското решение со кое треба да се започнат официјалните подготовки за пописот во април следната година требаше да виде изгласан уште на почетокот на оваа година. Поради одложувањата се погласни стануваат гласините дека станува збор за неможност да се дојде до договор помеѓу политичките лидери или дека проблем прават одредени детали од оваа демографска статистичка операција.

– Донесувањето на законот за попис заглави поради некои технички проблеми, кои според моите информации сега се надминати. Очекувам дека веќе во вторник законот да се најде на владина седница и истиот да биде усвоен. Проблемот не беше само самиот закон и недоразбирањата кои ги имало, овој период беше мошне интензивен и од други работи, имавме претседателски избори. Во текот на кампањата наша беше иницијативата законот да не биде на дневен ред за да не се злоупотреби во политичката кампања, и сега во вторник очекувам да биде усвоен без никаков проблем, изјави Симовски на почетокот од неделава во интервјуто во „Вечер“.

Додава дека иако законското решение се уште не е донесено, подготовките течат во таа насока. Не верува дека ќе има големо одложување на спроведувањето на истиот, затоа што во декември 2020 ќе има парламентарни избори.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“