Добивај вести на Viber
Состојбата на тројцата повредени во експлозијата во фабрика за пиротехника во Сопиште и натаму е критична. Со сериозни изгореници по целото тело тие се борат за живот.
Двајца мажи се хоспитализирани во Градската болница, додека повредената жена е префрлена на КАРИЛ во Ургентниот центар. Нејзината состојба е најтешка, а во експлозијата се здобила со изгореници од четврти степен.
Сите тројца и натаму се приклучени на апарати за дишење, во животозагрозувачка состојба, информираат лекарите. Четвртиот повреден во експлозијата помина со полесни повреди и веќе е пуштен на домашно лекување.
Полицијата и натаму работи на утврдување на причините за вчерашната експлозија во фабриката во Сопиште.