01 Мај, 2024
0.0248

Повеќе жени директори-толку поголем развој и успех за бизнисот

Објавено во: Финансии 15 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Колку повеќе жени има во бордот на директори во едно претпријатие, толку поголеми успеси ќе реди фирмата.

Ова го тврди истражувањето објавено во американскиот сајт „Management issues“. 

66% повисоки се приходите од направените инвестиции во компаниите во кои има повеќе жени на водечки позиции отколку мажи.

Друго истражување, направено пред неколку години од авторитетното издание „Волстрит џурнал“, создаде листа на 50те дами кои го зазеле најважното место во светскиот бизнис. Критериумите се широката популарност, големина на компанијата, место во хиерархијата, влијание во областа во која работат. Многу важен знак на селекција се исто дали служат за пример на другите лидери и дали уживаат почит од страна на тесните специјалисти во соодветната област.

Направени се неколку листи, меѓу кои се: дали се наследници, дали создале сами бизнис или ги имаат наследено раководните позиции. Во листите се најдоа: Опра Винфри со компанијата „Карп“; Карл Фиорина - генерален директор на „Хјулит Пакард“; Сари Балдауф, - претседател на „Нокиа Нетворкс“; Валери Гудинг - генерален директор на „Бупа“ најголемиот приватен оператор на болници и социјални домови во Англија; Маргарет Витман - генерален дитектор на „eBay“; Олга Дергунова, претседател на „Мајкрософт - Русија“; Ана Патрис Боте; Елизабет Мардок ...

Излегува дека највлијателните дами немале слични кариери. Некои од нив се искачиле постепено по скалата на успехот, а други добиле се на готово, иако не се справиле помалку добро. Општа тенденција е дека повеќето од нив менувале функции и позиции, додека го достигнувале врвот во својата кариера. Методите  на управување им се исто така различни - едни се во улогата на деспоти, а други се дел од тимот и се однесуваат речиси како еднакви со останатите.

Се обидовме да ги извлечеме причините кои ја прават жената-менаџер добар шеф:

-Жените мислат премногу, но токму тоа им помага да не преземаат неразмислени потези

-Жените се однесуваат со повеќе разбирање и не предизвикуваат стрес кај подредените.

окажано е дека жените имаат подобар талент кон најпрофитабилните зделки.

-Жените обрнуваат поголемо внимание на деталите и затоа често гледаат пропусти кои им бегаат на мажите.

-Жените се трпеливи и природата им е фантазиска што ги прави поголеми оптимисти за некои проекти.

-Жените успеваат полесно да создадат хармонични односи со колективот и да се интегрираат во тим, на кој се шеф, наместо да ги следат од страна.

-Најинтересните и иновативни идеи им текнуваат многу почесто на жените отколку на мажите.

-Жените реагираат емоционално кога имаат проблем со подредените, но многу полесно се мобилизираат за да се справат со сериозните тешкотии, бидејќи не ја потценуваат нивната важност.

-Жените имаат вроден талент кон озборувања, што им помага да се во текот со она што се случува во колективот.

Процент во Европа прогресивно расте, бидејќи жените не престанувааѕ да докажуваат дека можат да бидат добри шефови не само дома, но и на работното место.

Можеби ќе ве интересира

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?