18 Мај, 2024
0.0353

ПОТРЕБНИ СЕ КАДРИ ЗАРАДИ ПЕНЗИОНИРАЊЕ - Еве какви кандидати бара Народна банка

Објавено во: Финансии 23 Август, 2023

Добивај вести на Viber

Централната банка бара четири лица кои би сакале да му се придужат на тимот. 

Од вчера на нивната веб страна е поставен нов оглас, со кој се бараат кадри кои би пополниле три работни позиции. Од она што го дознаваме, огласот се објавуа поради редовни пензионирања и потребата да се пополнат испарзнетите места. 

Како што може да се забележи во огласот, се бара еден кандидат за работното место „помлад аналитичар почетен II степен“ во Отсекот за надгледување на платните системи во Дирекцијата за платни системи, на определено време во траење од 2 години. Тие исто така бараат двајца кандидати за работното место „помлад статистичар почетен II степен“ во Отсекот за изготвување и објавување екстерни статистики во Дирекцијата за статистика, на определено време во траење од 1 година и еден извршител на работното место „помлад супервизор почетен I степен“ во Дирекцијата за теренска супервизија, на определено време во траење од 1 година. 

- Кандидатите за работните места треба да исполнуваат општи услови за засновање работен однос, утврдени во Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија: да се државјани на Република Северна Македонија, да се полнолетни, да имаат општа здравствена способност за работното место и да не им е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност – се посочува во огласот. 

Лицата кои сакаат да аплицираат за позицијата помлад аналитичар во Дирекцијата за платни системи треба да имаат завршено факултет од областа на правните науки со најмалку 180 кредити (VIБ), да бидат со или без работен стаж, да имаат познавање англиски јазик, работа со компјутер, познавања на платните системи и финансиските пазари и познавања од областа на работењето на Народната банка. 

Кандидатите за работното место „помлад статистичар почетен II степен“ во Отсекот за изготвување и објавување екстерни статистики во Дирекцијата за статистика треба да имаат завршено факултет од областа на економските науки со најмалку 180 кредити (VIБ), да бидат со или без работен стаж, да имаат познавање на англиски јазик, работа со компјутер и познавања од областа на работењето на Народната банка. 

За работното место „помлад супервизор почетен I степен“ во Дирекцијата за теренска супервизија се бара кандидатите да имаат завршено факултет од областа на правните науки со најмалку 180 кредити (VIБ), да бидат со или без работен стаж, да имаат познавање на англиски јазик, работа со компјутер и познавања од областа на работењето на Народната банка. Рокот за доставување на документите изнесува 7 работни дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот. Додека изборот на работниците кои ќе засноваат работен однос во Народната банка ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување. 

Согласно податоците во огласот, висината на нето платата за работните места помлад аналитичар и помлад статистичар изнесува 38.526 денари, додека за време на пробната работа висината на плата е 50 проценти, односно 19.722,00 денари.За време на приправничкиот стаж изнесува 70 отсто или 27.238 денари. Платата за работното место помлад супервизот е 30.258 денари, додека за време на пробната работа 50 проценти или 15.064 денари. Во текот на приправничкиот стаж ќе биде 21.448 денари.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?