18 Мај, 2024
0.0291

Потпретседателот на САД зеде заем од 10 долари за да купи ручек

Објавено во: Стил 24 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Американскиот потпретседател Џо Бајден зеде заем од 10 долари за да си го плати ручекот , пишува USA Today . Бајден влегол да купи храна за традиционалниот ручек со претседателот Барак Обама од ресторан во државата Делавер . Вкупната сметка за ручекот била во вредност од 56.25 долари , но кога проверил во џебовите Бајден утврдил дека не му достигнуваат 10 долари. Потпретседателот се обратил кон придружниот помошник : „Фран , ќе ми дадеш ли заем од 10 долари ? " Од локалот понудиле еден од сендвичите да му го дадат бесплатно , но Бајден објаснил: „ Од 40 години вечерам во вашиот ресторан и секогаш си плаќам " .