Постои само еден начин да се пребродат непланираните трошоци
Објавено во: Економија 29 Мај, 2017
Оние кои едвај врзуваат крај со крај знаат дека не е лесно да се заштеди.
Кога ќе се платат сметки, ќе се купи храна, ќе се издвојат пари за децата не остануваат многу средства.
Тој дел од парите оди на останатите животни потреби.
Ако во иднина сакате подготвени да ги дочекате непредвидените трошоци, да отидете на летување, да купите автомобил или да реновирате стан, тогаш треба да почнете да штедите, а најдобро е тоа да го направите во банка.