02 Мај, 2024
0.0310

Последна шанса за Енекод да го земе ФЕНИ, банките се сомневаат

Објавено во: Економија 28 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Енекод до утре ќе има можност да покаже сериозност во намерата да го презеде раководењето со ФЕНИ Индустри доколку достави квалитетна понуда до трите банки доверители кои ја поведоа постапката за стечај. 

„После повеќе од еден месец одложување, конечно сопствениците (или потенцијалните сопственици) презентираа елементи на нова усмена понуда за „Фени Индустри“до банките доверители. На банките им е потребно време да ја анализараат сериозноста, издржаноста и прифатливоста на понудата. Сепак, банките доверители потенцираат дека основен предуслов за докажување на сериозноста на понудувачите е претходно сопствениците најитно, најдоцна до почетокот на утрешното рочиште закажано за 12 часот, да ја исплатат заостанатата плата на вработените од сопствени средства.

Како што претходно најавивме, очекуваме дека е можен повторен обид за неосновано одложување на утрешното рочиште за отварање на стечај за Фени, кој процес според банките е најдоброто можно решение за рестартирање на фабриката. Обидите за одложување на рочиштето се спротивни на интересите и се на директна штета на вработените и доверителите, велат претставници на банките доверители.

Да потсетиме дека ФЕНИ како субјект има долг од 60 милиони евра од кои 40 милиони се кон трите банки Комерцијална, Стопанска и Силк Роуд банка. Покрај, Енекод кој наводно постигнал начелен договор со претходниот сопственик Кунико, интерес за преземање на ФЕНИ има кај уште три потенцијални инвеститори со британски, француско-израелски и швајцарски капитал. Токму ФОС, инвестицискиот фонд од Швајцарија направи увид во имотот и состојбата на фабриката ФЕНИ, па доколку Енекод не достави финансиски план кој ќе биде прифатлив од банките, постои можност останатите „играчи“ да добијат можност да го преземат комбинатот. Тоа ќе биде одлучено утре на закажаното судско рочиште за поведеното барање за стечајна постапка за да се осигура имотот на должникот ФЕНИ.

Работниците на ФЕНИ и синдикалните лидери посочија дека не им одговара започнување на стечајна постапка, туку изнаоѓање на сериозен инвеститор кој ќе ги презеде сите обврски и ќе има долгорочна стратегија за развој. Според проценките на трите банки доверители почетната сума треба да изнесува околу 20 милиони евра за брзо рекомпонирање на ФЕНИ и гарантирање дека долговите кон сите доверители ќе бидат испочитувани.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?