Послаб земјотрес утринава почуствуван во Стар Дојран
Објавено во: Балкан 22 Ноември, 2016
Послаб земјотрес во раните утрински часови ги разбуди жителите на Стар Дојран.
Епицентарот на земјотресот бил во Крицони, соседна Грција, а истиот е почуствуван и 22 км северно од Стар Дојран.
Земјотресот бил со магнитуда од 2,8 степени по Рихтер.
Утрово се регистрирани повеќе земјотреси ширум светот а не престанува да се тресе ни тлото на Балканот.